• сабота, 23 ноември 2024

Фидан: Турција ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Фидан: Турција ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Каиро, 5 август 2024 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека Турција ќе се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг во среда.

Фидан ова го изјави на прес-конференција во Каиро.

Турција во мај објави дека одлучила да се приклучи на случајот што го покрена Јужна Африка бидејќи ги засили мерките против Израел поради неговиот напад врз Газа и дека тоа ќе го стори по неопходните правни подготовки. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан