Утре средба Зеленски- Макрон
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон во Елисејска палата

Киев, 25 март 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон во Елисејска палата.
Средбата е пред претстојниот круг состаноци на така наречената Коалиција на подготвените, што ќе се одржи на 27 март.
Европските лидери ги продолжуваат преговорите за тоа како да се осигури дека ќе се осигури секој можен договор за прекин на огнот помеѓу Русија и Украина, но и за тоа како на Киев да му дадат јасни гаранции за неговата идна безбедност. ми/
фото: ЕПА архива