• петок, 23 август 2024

Украински напад со дронови предизвика пожар во руска воена база

Украински напад со дронови предизвика пожар во руска воена база

Москва, 22 август 2024 (МИА) – Напад на украински беспилотно летало во текот на ноќта предизвика пожар во воена база во јужна Русија, изјави денеска гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров.

Тој истакна дека противвоздушната одбрана одбила најголемиот број од беспилотните летала, но дека соборен дрон се урнал и предизвикал пожарот. Бочаров не наведе повеќе детали.

Руските воени блогери објавија дека цел на украинскиот напад била воздухопловната база Мариновка, лоцирана на околу 45 километри од регионалниот главен град Волгоград.

Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека воздушниот сообраќај е привремено ограничен на цивилниот аеродром во Волгоград поради ризикот од беспилотните летала.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 28 украински беспилотни летала, од кои 13 биле над регионот на Волгоград. ми/

фото: Икс

Остани поврзан