• недела, 15 декември 2024

Украина се соочува со голем руски напад врз енергетскиот сектор, соопшти Министерството за енергетика во Киев

Украина се соочува со голем руски напад врз енергетскиот сектор, соопшти Министерството за енергетика во Киев

Киев, 13 декември 2024 (МИА) - Русија извршува од утрото голем напад од воздух врз региони во Украина користејќи проектили и беспилотни летала.

„Непријателот продолжува со својот терор. Уште еднаш, енергетскиот сектор низ Украина е под масовен напад“, објави министерот за енергетика Херман Халушченко.

ПВО е активна во Киевската област, соопшти регионалната администрација. Експлозии се регистррирани и во областите Одеса, Виница, Лавов, Ивано-Франковск и Черкаси.

Последиците од нападот се утврдуваат бидејќи нападите се уште траат.  Руските сили пукаат со крстосувачки ракети, балистички ракети и балистички ракети Кинжал, лансирани од воздух, објави украинското Военото воздухопловство. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан