• сабота, 09 ноември 2024

Убиени 23 лица при израелски воздушни напади во Сирија

Убиени 23 лица при израелски воздушни напади во Сирија
Бејрут, 13 јануари 2021 (МИА) - Најмалку 23 лица загинаа при воздушни напади на израелски авиони во источниот дел на Сирија врз пунктови на владини безбедносни сили и нивните ирански сојузници, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон. Шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел-Рахман, изјави дека околу 18 израелски напади биле извршени врз магацини за оружје и воени позиции во источна Сирија, при што загинале најмалку седум припадници на владините безбедносни сили и 16 сојузнички војници, вклучително и борци на либанското шиитско движење Хезболах и милициите поддржани од Иран, објави ДПА. Сириските државни медиуми ги потврдија воздушните напади без да соопштуваат жртви. - Израелскиот непријател изврши воздушна агресија во источните градови Деир ал-Зур и Ал-Бу Камал, соопшти сириската новинска агенција САНА. Досега Израел нема изнесено официјален став во врска со извештаите за нападите. гт/

Остани поврзан