• петок, 21 февруари 2025

Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање

Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање

Kaнбера, 19 февруари 2025 (МИА) - Три странски влади планирале да предизвикаат физичка штета на луѓе кои живеат во Австралија, изјави денеска шефот на австралиската разузнавачка агенција за безбедност Мајк Бургес. Тој не ги кажа имињата на државите.

Во своето годишно обраќање за заканите против Австралија, тој истакна дека една влада се обидела да измами бранител на човековите права да отпатува од Австралија во трета земја, каде што заговорниците планирале да го повредат или убијат. Разузнавачката служба интервенирала и го спречила неговото патување.

Друга влада планира да повреди или убие еден или повеќе луѓе во Австралија како дел од поширок заговор за елиминирање на нејзините критичари ширум светот. Работејќи со меѓународните безбедносни агенции, австралиската служба ја спречи операцијата во рана фаза.

Во двата случаи, заговорниците беа во странство и надвор од опсегот на австралиското законодавство. Бурџис не даде детали за заговорот на третата странска влада. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан