• сабота, 27 јули 2024

Три последователни седници на Законодавно-правната комисија

Три последователни седници на Законодавно-правната комисија
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Во Собранието денеска три последователни седници ќе одржи Законодавно-правната комисија. На дневниот ред на 86-тата седница преостанати за разгледување се предлог законите за лековите, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за парничната постапка и за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност. На дневниот ред на 90-тата седница се предлог законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за адвокатура и за изменување и дополнување на Кривичниот законик. На дневниот ред на 147-та седница членовите на комисијата треба да расправаат за предлог законите за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, за техничките барања за производите и оцена на сообразност, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за зоотехника, како и за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и за изменување на Законот за финансиска дисциплина. вј/сп/

Остани поврзан