• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски бил повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што објави ТВ 24, Жерновски се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт на средба со министерот Тимчо Муцунски.

Во врска со овој случај, МИА побара став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, но не доби одговор.

Пред Жерновски, на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беа повикани  македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, амбасадорот во Албанија Данчо Марковски, како и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди. мд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан