Тринаесетмесечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба
- Тринаесетмесечното дете од Свети Николе кое беше заразено со морбили е во добра здравствена состојба, покажаа и денешните резултатите од контролниот преглед на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, вели раководителот на ова одделение доктор, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.
Штип, 7 април 2023 (МИА) - Тринаесетмесечното дете од Свети Николе кое беше заразено со морбили е во добра здравствена состојба, покажаа и денешните резултатите од контролниот преглед на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, вели раководителот на ова одделение доктор, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.
- Детето е во добра здравствена состојба и за цело време дома било без температура, без некакви потешкотии, со хранење, пиење во добри, соодветни количини, без кашлица. Денес за време на прегледот наодот на белите дробови беше уреден, во добра состојба и назаначени се препораки за понатмошно домашно лекување. Затоа што сега следува период на опоравување на детето, вели Шишкова-Гајдарџиска.
Посочи дека будноста на педијатрите и на матичните лекари е на високо ниво, секој сомнителен случај се препраќа на штипското Инфективното одделение.
- Ни беа испраќани пациенти со исип, под сомнение дали се работи за морбили, за дијагностицирање на болеста, но станува збор за други исипни заболувања. Така да единствен случај на морбили е 13 месечното дете, рече Шишкова-Гајдарџиска.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ вели дека немаат регистрирано нов случај на морбили во земјава. Се уште се истражува како 13 месечното дете се заразило, кое пред да биде хоспитализирано било и на прегледи и во Скопје. вдј /цр
Фото: МИА