• четврток, 05 декември 2024

Нови 6 до 6,5 милиони евра за инвестиции во Велес, најави Мицкоски

Нови 6 до 6,5 милиони евра за инвестиции во Велес, најави Мицкоски

Велес, 9 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Велес најави дека со новиот повик на Министерството  за локална самоуправа за проект во Велес се предвидени 6 до 6,5 милиони евра. Тој потенцира дека со нетрпение ја очекува изградбата на подземната катна гаража во центарот на Велес и уредување на градскиот плоштад.

-Таа ќе биде прекрасно архитектонско дело. А ние да продолжиме да се радуваме на проекти и пријатно да ги изненадуваме граѓаните и да им испорачаме повеќе од тоа што сме им ветиле истакна премиерот Мицкоски.

Тој денеска со потпретседателот на Влада и министер за транспорт и врски  Александар Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски и својот домаќин градоначалникот Марко Колев ,направи увид во реновираните два влеза во Велес кои се делови од два региоални правци за кои Владата преку ЈПДП за трите делници издвои околу 44 милиони денари.Воедно премиерот Христијан Мицкоски на своите домаќини и граѓаните на Велес им го честиташе празникот 9 - ти Ноември и 80 години слободен Велес.
Директорот на ЈПДП Коце Трајановски вети дека следната година во оваа време ќе започне изградбата на нов мост на реката Вардар кај Башино Село на еден од влезовите во Велес.

Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата.

-Мостот на Вардар кај Башино Село е во многу критична состојба и ЈПДП  овој месец ќе објави јавна набавка за проектирање на нов мост на реката Вардар.Се надеваме дека изборот ќе биде некаде во јануари 2025, до летото да биде готов проектот и следната години во октомври-ноември да започне изградбата на нов мост на реката Вардар во близина на Башино Село на еден од влезовите  во Велес, а кој мост е дел од регионален пат,информира Трајановски.

Трајановски потсети дека ЈПДП има два регионални патни правци кои поминуваат низ Велес,а кои ги финансира ЈПДП.

-Реконструкцијата на овие два патни правци на двата влеза во Велес ги финансира ЈПДП с околу 44 милиони денари,а градежните работи ги изведе ЈП Македонија Пат –Подружница Велес.Тоа е еден добар пример за одлична соработка помеѓу локалната власт и ЈПДП и  Владата ,нагласи Трајановски.

Тој потенцира дека ЈПДП прави напори освен в Велес и во другите градови да ги направи овие патишта кои се во нејзини ингереции.

-За жал голем дел од овие Регионални патишта поминуваат низ центрите на градовите,бидејќи нема обиколници околу некои од градовите.Затоа е во тек изградбата на обиколницата околу Тетово,Ресен и Кавадарци е во проектирање.Воедно се надеваме дека следната година и таа обиколница ќе биде готова.Целтта ни е во центрите на градовите, патиштата да бидат  во надлежност  на општините и повеќе да не бидат во надлежност на ЈПДП,нагласи Трајановски.

Потпретседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски информира дека во разлилни проекти во Велес годинава инвестирале околу 5 милиони евра.

-Овој  влез во Велес  чини  околу  750 илјади евра, преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани,1,1 милион евра за реконструкција на три улици кои се веќе реконструирани или се во тек на рекнструкција.Исто така преку одлуката на Влада за дотации на општините во Општина Велес треба да се инвестираат околу 2,2 милиони евра,за договори кои веќе се потпишани.Воедно тука е и социјалната зграда која е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови.Голема активност во оваа ,а за следната година најавувам уште поголема активност и заедно со примиерот и директорот на ЈПДП и градоначалникот ќе работиме на уште повеќе проекти,најави потпретседателот на Влада и министер за транспорт и врски Николоски.

Сите гости предводени од премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Колев потоа направија увид во регионалните патни правци а потоа и на трите реновирани спортски етрени во ООУ „Васил Главинов“ со средства од општината, а  каде со средства од Владата преку МОН целосно беше реновирана и спортската сала и дадена опрема за учениците.

Воедно во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ тие  посетија работата на меѓународната изложба на пронајдоци и патенти и индустриски дизајн 45 Макинова и 22 Еконова која ја  организира Народна техника на Македонија под покровителство на претседателката  Гордана Силјановска Давкова. ад/

фото: Влада на РСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан