Тиаго ќе му помогa на Флик во Барселона
- Поранешниот фудбалер на Барселона, Баерн, Ливерпул и шпански репрезентативец, Тиаго Алкантара се приклучи на стручниот штаб на Каталонците, пренесува официјалниот сајт на клубот.
Барселона, 17 јули 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Барселона, Баерн, Ливерпул и шпански репрезентативец, Тиаго Алкантара се приклучи на стручниот штаб на Каталонците, пренесува официјалниот сајт на клубот.
-Откако неодамна ја заврши кариерата на 33-годишна возраст, Тиаго Алкантара треба да ги помине следните недели со тимот на Ханзи Флик. Се очекува поранешниот играч да остане во првиот тим во текот на летото и за време на турнејата во САД, пишува во соопштението.
На почетокот на јули Алкантара објави крај на кариерата. Последниот клуб на играчот од средниот ред беше Ливерпул, за кого играше од септември 2020 до јули 2024 година. Фудбалерот учествуваше на 98 натпревари за „црвените“, постигнувајќи 3 гола и 6 асистенции. дс
Фото: Архива