Месина со пофални зборови за Димитријевиќ по победата над Реал Мадрид
- Тренерот на Милано, Еторе Месина, по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Милано, 8 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Милано, Еторе Месина, по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Популарниот Нено синоќа постигна 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот. Извонредната партија се покажа како клучна за победата на Милано над кралскиот клуб.
- Погледнете каква игра демонстрира. Да не заборавиме дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Виртус имаше големо влијание на играта. Сигурен сум дека ако се навикне физички на лигата, ќе остави навистина силна трага во Евролигата, изјави Месина по дуелот. дс
Фото: Архива