• сабота, 23 ноември 2024

Талески: Северна Македонија е меѓу 36 те најбезбедни земји во светот

Талески: Северна Македонија е меѓу 36 те најбезбедни земји во светот
8 ноември 2022 Политиките на СДСМ даваат резултати во секој сегмент, што се потврдува и со извешати на реномирани меѓународни организации. Благодарение на заложбите на СДСМ Република Северна Македонија денес е меѓу најбезбедните држави во светот. На најновата ранг листа на Глобалниот индекс за мир, што секоја година ја изготвува Институтот за економија и мир се наоѓаме на 36-то место, што е 4 места повисоко од лани. Во 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта, Македонија се наоѓаше на листата на Глобалниот индекс на мир, на 97-то место, а сега е држава со „високо ниво на безбедност“. Ова се должи на политиите на СДСМ и реформите спроведени во Министерството за внатрешни работи за професионализација, департизација и декриминализација, што го врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и довербата во институциите. Напредокот и ефикасноста на полицијата е потврдена и во годинешниот Извештај за напредок на Европската комисија, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка. Од држава која во 2017 година беше на раб на граѓанска војна и реализација на црни сценарија, денес сме држава членка на НАТО, која ги започна преговорите за членство во Европската унија, промотор на мирот и стабилноста во регионот, држава во која полицијата е во служба на народот. Со СДСМ државата е безбедна, поставена на европскиот пат што носи сигурна иднина. Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан