Поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир
- Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) – Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Како што наведуваат во кусото соопштение, поради врнежите од снег од 19.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
– Од 19. 45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. ра/ев/
Фото: МИА архива