„Сѐ што тоне не исчезнува“ – изложба со предметите пронајдени на дното на езерото во грчкиот град Јанина
- Мотори, светилки, велосипеди, пластика, гуми, маси, пластични и метални столчиња, воени шлемови, минофрлачи и гранати, се само дел од предметите откриени на дното на езерото Памвотида во грчкиот град Јанина при подводното чистењето спроведено од Единицата за управување со заштитени подрачја Епир при Организацијата за природна средина и климатски промени, предмети што сега изложени на централниот плоштад во рамките на изложбата „Сѐ што тоне не исчезнува“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 5 декември 2024 (МИА) – Мотори, светилки, велосипеди, пластика, гуми, маси, пластични и метални столчиња, воени шлемови, минофрлачи и гранати, се само дел од предметите откриени на дното на езерото Памвотида во грчкиот град Јанина при подводното чистењето спроведено од Единицата за управување со заштитени подрачја Епир при Организацијата за природна средина и климатски промени, предмети што сега изложени на централниот плоштад во рамките на изложбата „Сѐ што тоне не исчезнува“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми од Јанина, меѓу предметите откриени на дното на езерото има германски шлемови и отомански гранати, но и каси, а изложбата има за цел да ја подигне свеста кај јавноста, а особено кај учениците.
Акцијата за чистење била на површина од околу 105.000 метри квадратни, што се протега во должина од 3,5 километри и ширина од 30 метри и спроведена од тим на професионални нуркачи.
Од Единицата за управување со заштитени подрачја Епир на социјалните мрежи објавија фотографии од изложбата што ќе трае една седмица. ср/ссм/
Фото: Единицата за управување со заштитени подрачја Епир