• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„ДЏИ“ ја претстави својата прва камера „Осмо 360“ којашто снима во 360 степени

„ДЏИ“ ја претстави својата прва камера „Осмо 360“ којашто снима во 360 степени

Шенжен, 1 aвгуст 2025 (МИА) - Кинеската технолошка компанија „Да-Џијанг иновејшнс“ (ДЏИ) официјално ја претстави својата прва „акциона“ камера којашто снима во 360 степени, наречена „Осмо 360“ (Osmo 360). Оваа камера е првата што снима во сите насоки, во 8К, 50 фпс и којашто може континуирано да снима 30 фпс во 8К во текот на 100 минути.

Камерата „Осмо 360“ користи и два „ЦМОС“ сензори од 1/1,1 инч, што според „ДЏИ“, е еднакво на еден сензор од еден инч при снимање во 360 степени. Кинеската компанија, со седиште во Шенжен, ги користи првите квадратни ХДР-сензори во индустријата, дизајнирани за снимање во сите страни. Заедно, двете камери можат да снимаат видео до до 50 фпс во 360 степени со користење на надградба. Исто така, може да снимаат и до 100 - 120 фпс во 4К резолуција. Тука е и „Рок-стеди 3.0“ - елементот за стабилизација на сликата.

Снимањето може да се активира со дланката, како и со гласовни команди.

„ДЏИ Осмо 360“ може да снима до 100 минути непрекинато панорамско видео во 8К резолуција со 30 фпс и до 190 минути панорамско видео во 6К резолуција со 24 фпс. Камерата може да снима 1,5 часа видео на температури под нулата, т.е. до - 20 Целзиусови степени.

Има и дисплеј со 5 цм, т.е. 314 x 556 пиксели, 128 ГБ вградена внатрешна меморија, од којашто 105 ГБ се достапни, и опција за проширување на меморијата преку микро-СД картичка до 1 терабајт. Исто така, поддржува Ви-Фи 6 и Блутут-врска.

Камерата чини 480 евра - за стандардниот пакет, којшто вклучува камера, заштитна футрола и гумен капак за објективот. Пакетот „Адвенчр комбо“ (Adventure Combo), пак, чини 630 евра и тој содржи „Инвизибл селфи стик“ (Invisible Selfie Stick) - долг 1,2 метри, две посилни батерии и мултифункционална футрола за батерии.  си/

Фото: Јутјуб-фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан