• сабота, 23 ноември 2024

Судот во Сенегал му дозволи на лидерот на опозицијата да се кандидира за шеф на државата

Судот во Сенегал му дозволи на лидерот на опозицијата да се кандидира за шеф на државата

Дакар, 14 декември 2023 (МИА) - Судот во Сенегал денеска пресуди дека лидерот на опозицијата Усман Сонко може да се кандидира на претседателските избори во февруари.

Народниот правобранител рече дека ќе се жали на пресудата со која на Сонко му се дозволува учество на изборите.

Би-Би-Си пишува дека Сонко бил отстранет од избирачкиот список во јуни затоа што бил обвинет за „расипување на младите“.

Тој тврди дека низата обвинувања против него биле со цел да се спречи неговата кандидатура за претседателската функција.

Неговите чести апсења во последните две години предизвикаа бурни протести, а властите ја распуштија неговата партија.

Сонко беше разрешен од функцијата даночен инспектор во 2016 година, потоа беше заменик, па градоначалник.

Тој ужива голема популарност меѓу младите во Сенегал.

Сонко беше трет на претседателските избори во 2019 година.

Меки Сал, кој е претседател на Сенегал од 2012 година, претходно најави дека нема да се кандидира за реизбор. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан