• недела, 28 јули 2024

Сто прехранбени пакети за социјално загрозени семејства во Кавадарци

Сто прехранбени пакети за социјално загрозени семејства во Кавадарци
Кавадарци, 17 мај 2021 (МИА) - Банката за храна обезбеди сто прехранбени пакети за социјално загрозени семејства од општина Кавадарци. Осумдесет од пакетите се набавени со пари од Европската Унија, а 20 од локалната самоуправа. Претставникот на Банка за храна Кавадарци Роберто Паризов најави дека и во иднина неуморно ќе работат се со цел хуманоста да стигне до сите на кои им е неопходна помош. Ја поздрави поддршката од Банка за храна на државно ниво и од општината. Претставникот на Банка за храна на републичко ниво Душко Христов информираше дека ваква помош ќе има и во други општини. Кавадаречкиот градоначачник Митко Јанчев  се заблагодари за донацијата и рече дека Банката за храна се покажа како солиден проект. Тој нагласи дека Општината и понатаму ќе го поддржува, а во план е да се набави второ и поголемо возило за доставување на помошта. свд/мд/

Остани поврзан