• понеделник, 23 декември 2024

Ставена во функција нова интернет-страница на МАПАС

Ставена во функција нова интернет-страница на МАПАС
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА)  - Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) стави во функција нова интернет-страница www.mapas.mk, во насока на, како што соопшти, поголема интерактивност со јавноста, со цел континуирано обезбедување транспарентност на капитално финансираното пензиско осигурување и објаснување на карактеристиките, можностите и предностите на капитално финансираното пензиско осигурување, на јасен и разбирлив начин за граѓаните. Целта, потенцираат, е подобрување на транспарентноста и отчетноста за работењето. - Новата интернет-страница овозможува поедноставен пристап до сите информации поврзани со капитално финансираното пензиско осигурување за учесниците, сите заинтересирани страни и пошироката јавност. Креирањето на новата интернет страница, www.mapas.mk, е уште една од серијата активности кои ги презема МАПАС во насока на исполнување на својата мисија - заштита на интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, соопштија од МАПАС. Изработена во тек со најсовремените трендови, како што истакнуават, www.mapas.mk овозможува „лесна” навигација, при што сите клучни информации за јавноста се лесно достапни. Обновената интернет-страница е компатибилна и за мобилни уреди како смартфон, таблет... Новата интернет-страница содржи едноставна дигитална алатка https://mapas.mk/proverka-i-raspredelba-na-osigurenik/ за брза проверка на секој корисник во кој задолжителен пензиски фонд е член. Оваа алатка, освен што на корисникот му дава информација во кој пензиски фонд е член, истовремено го известува и за начинот на кој може да ја следи својата индивидуална сметка. - Овозможен е и побрз и постојан увид на бројот на членови и вкупниот износ на нето средствата во задолжителните и во доброволните пензиски фондови. Меѓу новите функционалности на интернет страницата е можноста за дигитално поднесување на изјави и барања, како и можност за дигитално пријавување на неправилности до МАПАС. Дополнителна можност на интернет страната е и пристапот во регистарот на агенти на пензиските друштвата заради директен контакт и добивање корисни информации од агентите на пензиските друштва, посочуваат од МАПАС. Како што појаснуваат, сите заинтересирани страни и надворешни корисници кои сакаат да се информираат подетално за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и за работата на МАПАС, имаат можност тоа да го сторат преку јасно организираните целини на интернет-страницата и преку пристап до документите во дигитална форма. лв/сп/

Остани поврзан