Средба Нетанјаху-Мицотакис в недела во Ерусалим
- Билатерални односи и одбранбената соработка, но и регионалните случувања во Источниот Медитеран и Сирија, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, се очекува да бидат во фокусот на посетата на Израел в недела на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 27 март 2025 (МИА) – Билатерални односи и одбранбената соработка, но и регионалните случувања во Источниот Медитеран и Сирија, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, се очекува да бидат во фокусот на посетата на Израел в недела на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис во Ерусалим ќе се сретне со претседателот на Израел Исак Херцог и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Посетата се очекува да го потврди силното стратешко сојузништво Грција – Израел, а се очекува да се разговара за целиот спектар на билатерални односи, со акцент на одбранбената соработка, како и за регионалните случувања со фокус на Источниот Медитеран и Сирија. Грција е присутна во случувањата и во Источниот Медитеран и во цела Европа и со својата стабилна надворешна политика докажува дека е фактор на стабилност и безбедност во поширокиот регион и секојдневно се зајакнува со дела, а не со големи зборови, истакна Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Грчкиот премиер денеска учествува на Самитот во Париз за поддршка на Украина, а утре ќе се одржи и четирилатерална средба Грција-Франција-Кипар-Либан на највисоко ниво со учество на Кирјакос Мицотакис и претседателите на останатите три земји Емануел Макрон, Никос Христодулидис и Џозеф Аун. ср/ссм/