• вторник, 20 август 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ

Скопје, 19 август 2024 

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ, на која од страна на министерот Мисајловски беше истакнато дека од особен интерес е приклучување на останатите земји од регионот во НАТО и ЕУ.

На средбата се разговараше за планот за билатерална соработка за оваа година кој опфаќа реализација на вкупно триесет активности што е показател за интензивирање на меѓусебната соработка.

Министерство за одбрана

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан