Средба Мицевски - Меидани
- СООПШТЕНИЕ - Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани.
10 октомври 2024
Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани.
Посакувајќи му успешна работа на новиот албански амбасадор, координаторот Мицевски изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете соседни земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во идното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.
Амбасадорот Меидани порача дека Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во Европската Унија, како и споделување искуства во насока на поттикнување реформски и демократски процеси.
Соговорниците разменија нови идеи и начини за унапредување на билатералните односи, како и тоа дека двете земји споделуваат заеднички вредности и придонес кон регионалната соработка.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.