Средба Димовска - Сварц: Продлабочување на соработката меѓу шведскиот Ригсдаг и македонскиот Парламент
- За македонскиот законодавен дом, од особено значење се искуствата и добрите практики од шведскиот Ригсдаг, посебно во контекст на модернизација на Парламентот, дигитализација на процедурите и унапредување на транспарентноста и отчетноста во работата на Собранието, истакна генералната секретарка на Собранието Марина Димовска на денешната средба со заменик-генералната секретарка на шведскиот Ригсдаг Кристина Сварц, во Стокхолм, Кралството Шведска.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - За македонскиот законодавен дом, од особено значење се искуствата и добрите практики од шведскиот Ригсдаг, посебно во контекст на модернизација на Парламентот, дигитализација на процедурите и унапредување на транспарентноста и отчетноста во работата на Собранието, истакна генералната секретарка на Собранието Марина Димовска на денешната средба со заменик-генералната секретарка на шведскиот Ригсдаг Кристина Сварц, во Стокхолм, Кралството Шведска.
Од Собранието потенцираат дека денешната средба меѓу Димовска и Сварц претставува важен момент за продлабочување на соработката помеѓу двата парламенти, со цел понатамошно јакнење на институционалниот капацитет на Собранието.
- Важен аспект на соработката е интензивирање на размената на стручни искуства и воспоставување заеднички програми за обуки и тренинзи, кои ќе бидат неопходни за унапредување на капацитетите на собраниската служба. Размената на овие искуства ќе биде од суштинска важност во процесот на усогласување со европските и меѓународните стандарди и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на законодавната и надзорната улога на Собранието, велат од Собранието.
На средбата било истакнато значењето на родово сензитивните политики кои успешно се имплементираат во рамките на шведскиот Ригсдаг, поради што Димовска нагласила дека искуствата на шведскиот Парламент се од огромно значење за инкорпорирање на слични механизми во нашиот законодавен дом.
- Двете страни се согласија дека оваа средба е од особена важност за понатамошно зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу двете институции, како и за утврдување на конкретни чекори во правец на унапредување на работата на законодавниот дом, во согласност со највисоките меѓународни стандарди, соопштуваат од Собранието.ир/лв/
Фото: Собрание