• недела, 29 декември 2024

Маневски: Инвестирањето во инфраструктурата е столб на општина Зелениково

Маневски: Инвестирањето во инфраструктурата е столб на општина Зелениково

Скопје, 28 декември 2024

Чест и привилегија е денес да говорам за напредокот што нашата заедница го постигна во изминатите 3 години. Како ваш градоначалник, мојата примарна одговорност секогаш беше да служам на општината, да ги слушам потребите на жителите и неуморно да работам за изградба на посилна, побезбедна и попросперитетна општина за сите нас.

Кога првпат ја презедов функцијата, ветив дека ќе работам за да се осигурам дека нашата заедница напредува. Денес, додека размислувам за нашите колективни достигнувања, со гордост можам да кажам дека направивме огромни чекори кон таа цел.

Инфраструктурата е столбот на секоја општина. Саниравме, реконструиравме и градевме патишта, го подобривме протокот на сообраќај.

Спроведовме Реконструкција на дел од локална улица од Орешани до Село Зелениково, потоа дополнително реконструиран беше уште еден дополнителен дел од главната локална улица до Станица Зелениково.

Во Село Зелениково го реконструиравме крак 1 од улицата 10 која води до црквата Св. Архангел Гаврил. Ја асфалтиравме улицата во Орешани која го поврзува главниот пат со индустриската зона Џамбовица.

Во Ново Село исто така реконструиравме локален пат од големо значение кој води до црквата Св. Никола.

Реконструиравме и дел од патот во Бабин Дол, кој ги поврзува населените места Смесница, Гумалево, Добрино и Дејковец.

Набавивме и поставивме 7 нови автобуски постројки, со уникатен дизајн и први од таков вид во Македонија.

Дополнително изработен беше и сообраќаен проект, а потоа поставена опрема за смирување на сообраќајот како и заштитни огради.

Зелениково е општина која пружа можности и за оние кои се бават со земјоделие. Во соработка со невладиниот сектор обезбедивме обуки за органско производство на производи и како до сигурен пласман на исти, но обезбедивме и обуки за искористувања на средствата на Европската Унија наменети во овој домен. Дополнително, тампониравме и патишта кои водат до земјоделските површини на жителите.

Зелениково е општина со неспоредливо богата природа и разнолика животна средина која е важно да се чува, заштитува и унапредува. Во делот на чувањето и заштитувањето, превентивно се набави противпожарно возило и специјализирано возило за собирање на отпад. Истите се покажаа дека се неопходни во работата на општината, особено во текот на летниот период кога беа зачестени огнените стихии низ општината, но и регионот. Па противпожарното возило беше достапно и на сите други општини кои имаа неопходна потреба од истото. Поставени беа и контејнери за комунален и електронски отпад. А спроведени беа и безброј бројни еколошки акции. Во Градовци, инвестиравме средства со кој се овозможи изведба на една хидрогеолошка дупнатина од 80 м во село Градовци за потребите за водоснабдување на селото Градовци.

Дополнително се спроведе проект за Регулација и уредување на дел од речно корито на Зелениковска река. А предмет на Реконструкција беше и крак 1 од фекална канализација во село Зелениково.

Во образованието, инвестиравме во училишните капацитети, подобрени ресурси за наставниците и учениците и зголемено финансирање за програми по завршувањето на училиштето кои ги одржуваат нашите деца ангажирани и да учат. Обезбедивме и опремивме простор со кој се овозможува продолжен престој за учениците од прво до трето одделение. Секоја учебна година донесуваме со Советот одлука за доделување на еднократна парична помош за семејства со прваче и на семејства со новородено дете на подрачјето на Општина Зелениково. Во подрачното училиште во Страхојадица инсталиравме нов систем на греење со котел на пелети. Кровот на училиштето во Орешани исто така беше предмет на реконструкција. Ја уредивме и површината околу основното училиште во Станица Зелениково. Го опремивме и игралиштето, па така целиот дел доби еден нов лик и изглед.

А од оваа година, учениците ќе посетуваат настава со своите нови униформи кои ги обезбедивме. Во склоп на делот на образование, обезбедивме и 15 стипендии за високо образование. Младите денес одбираат и неконвенционални начини на едукација, тоа се различните семинари, обуки и предавања кои дел беа овозможени од Локалниот Младински Совет на Зелениково. Младите уживаат голема поддршка и поттик од моја страна.

А кога сме кај децата и младите, поставивме нови детски игралишта во Ново Село и во Станица Зелениково. Старите пак беа ремоделирани и ставени во функција.
Несомнено е важно да се спомене големиот исчекор кој се постигна во делот на културата и акцентирањето на историското богатство на општината. Св Цар Јустинијан Први стана статутарен патрон на нашата општина, неговиот ден на раѓање е назначен за ден на општина, а пак неговото родно место со проектот ,,Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на археолошки локалитет Градиште, с.Таор- Tauresium”  стана достоинствено место за посета од страна на туристите.
Важно е да се напомене дека се набавени и поставени монтажен објект-простор наменет за различни културни и останати активности во населеното место Пакошево.

Во текот на мојот мандат, приоритет поставив да бидам достапен и транспарентен со вас, луѓето на кои им служам.

Одржавме редовни средби, разговори анкети за да се осигураме дека вашите гласови се слушаат во секоја одлука што ја носиме. Вистински показател за успешноста на ова поле е индексот на активна транспарентност за 2024год, каде Зелениково скокна 10 места од вечното претпоследно место подобрувајќи ја својата активна транспарентност за дури 41 бод. Во тој домен, обезбедена е и аудиовизуелна опрема за пренос на седниците на Советот во јавноста преку проект на УНДП за Зајакнување на капацитети на општинските совети.

Се разбира, се соочивме со предизвици. Но, директно се соочивме со овие предизвици, без разлика дали се работи за буџетски ограничувања или други проблеми. Мојот тим редовно ги следи активните повици за финансирање на проекти од страна на државните институции и од страна на останатите меѓународни организации. Во подготовка се многу проекти кои ќе се работат во периодот што следи, обезбедени се средства за многу важни проекти и активности и со нетрпение очекувам да го дадам следниот отчет кој ќе биде двојно поуспешен и позначаен од овој.

И додека одиме напред, јас како градоначалник заедно со Советот, администрацијата и јавното комунално претпријатие, основното општинско училиште ќе продолжиме да се справуваме со предизвиците пред нас со голема издржливост и решителност како и досега.

На крајот, сакам да ја изразам мојата најдлабока благодарност до сите вас – нашите посветени јавни службеници, нашите волонтери, нашите истакнати поединци во заедницата, нашите жители. Сите постигнувања кои ги набројав не се лично мои, туку се наши – заеднички!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, прес-конференција на Коста Маневски, градоначалник на Општина Зелениково

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан