• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: Граѓаните знаат да живеат во соживот, мир и толеранција, така да продолжиме

Спасовски: Граѓаните знаат да живеат во соживот, мир и толеранција, така да продолжиме

Скопје, 1 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за поставениот крст на Попова Шапка денеска изјави дека не кажал оти кој било што гради верски објекти е екстремист, туку оној, како што рече, кој се поигрува со верските објекти е екстремист. 

- Оние кои најавуваат дека тој објект ќе биде срушен или пак оние кои највуваат дека по секоја цена ќе одат и ќе преземаат мерки и активности за одбрана вон институциите, тоа се екстремисти. Инаку, верски објекти во Северна Македонија никој не може да руши и не треба тоа да го прави заради тоа што ако нешто не краси во оваа наша убава Македонија, тоа е нашиот мултиетнички колорит. И затоа апелирам да не влегуваме во политички фолклор, рече Спасовски одговорајќи на новинарско прашање по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“. 

Тоа е политички фолклор, кој, како што рече, сака вакви настани да ги користи.

Ниту пак ваквите известувања, кои не соодветствуваат со реалноста не можат да помогнат во целиот овој случај. Огромното мнозинство на граѓани се тие кои знаат како е да се живее во соживот, мир и толеранција и апелирам така да продолжиме и понатаму, потенцира Спасовски. мд/

Фото: МИА

Остани поврзан