• сабота, 23 ноември 2024

Спалети: Учеството на ЕП 2024 како актуелен шампион е предност

Спалети: Учеството на ЕП 2024 како актуелен шампион е предност

Берлин, 10 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на италијанската репрезентација Лучано Спалети одговараше на прашања за тоа каков настап сака да види од својата селекција на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни.

-Според мене, учеството на турнирот како освојувач на трофејот е предност. Но, од почеток мораме да разбереме дека мора да се однесуваме како актуелни шампиони. Често за нас велат дека сме добри во одбраната и се отвораме на контра напади. Но, во Италија пристапот се менува - сакаме играчите да одат напред, а не да чекаат. Сакаме да притискаме и да се браниме како тим, изјави Спалети, цитиран од прес-службата на УЕФА.

Италија во групната фаза на ЕП 2024 ќе се соочи со Шпанија, Хрватска и Албанија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан