Еден освоен сет за македонските одбојкарки на дуелот со Грузија
- Женската репрезентација на Македонија вечерва во Струмица загуби од Грузија со 3:1 (20:25, 25:21, 25:23, 25:22) од Грузија во последниот натпревар од Сребрената Европска лига 2025.
Струмица, 14 јуни 2025 (МИА) - Женската репрезентација на Македонија вечерва во Струмица загуби од Грузија со 3:1 (20:25, 25:21, 25:23, 25:22) од Грузија во последниот натпревар од Сребрената Европска лига 2025.
Македонките го добија првиот сет, но потоа немаа доволно сили и среќа.
Тамара Стојанова и Ана Фасулева беа најефикасни во македонската репрезентација со по 17 поени.
Македонија годинашното издание во Сребрената лига со два победи и четири порази го завршува на 7. место во конкуренција на девет репрезентации. зс/
Фото: ОФМ