• петок, 05 декември 2025

Грилиш и Фоден би можеле да ги продолжат своите кариери во Арсенал

Грилиш и Фоден би можеле да ги продолжат своите кариери во Арсенал

Лондон, 14 јуни 2025 (МИА) - Фудбалерите од средниот ред на Манчестер сити, Џек Грилиш и Фил Фоден, се блиску до напуштање на тимот во летниот преоден рок, објавува „talkSPORT“.

Двајцата играчи би можеле да се приклучат на Арсенал, чиј главен тренер е Микел Артета, кој е запознаен со играчите од нивното заедничко време во Манчестер сити.

Грилиш не е вклучен во составот на „Граѓаните“ за Светското клупско првенство. Претходно се појавија информации дека Сити е подготвен да се раздели од 29-годишниот играч од средниот ред и сака да добие околу 50 милиони фунти од неговата продажба. 

За Грилиш исто така заинтересирани се и Наполи, Евертон, Баер Леверкузен и Тотенхем. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан