Со изложба на фотографии од маскенбали низ времето Охридскиот Архив ќе го одбележи 1 Април
- Фотографските поставки, ќе бидат изложени на терасата во кафе бар „Аквариус“, а како што соопштија од Охридскиот Архив, ќе го презентираат славењето на „21 март - Денот на пролетта“ и „1 апри

Охрид, 31 март 2022 (МИА) – Со изложба на фотографии од Денот на шегата и Денот на пролетта, низ времето, Охридскиот Архив утре ќе го одбележи Денот на архивот – 1 Април.
Фотографските поставки, ќе бидат изложени на терасата во кафе бар „Аквариус“, а како што соопштија од Охридскиот Архив, ќе го презентираат славењето на „21 март - Денот на пролетта“ и „1 април – Денот на шегата“ од страна на дечињата од училиштата и градинките во Охрид во периодот од 1955 – 1965 година.
- На овој начин сакаме да направиме компарација со некогашното дефиле и денешното кога дечињата од градот Охрид се маскирале дочекувајќи ја пролетта или денот на шегата, соопштија од Архивот.
За посетителите обезбедени се примероци од книгата „Архив(истикс) на Никола Митровиќ Бабе и примероци од изданието на „Македонски архивист“. сс/цр
