• понеделник, 17 март 2025

Сочувство од Македонскиот сојуз во Шведска за трагедијата во Кочани

Сочувство од Македонскиот сојуз во Шведска за трагедијата во Кочани

16 март 2025

Македонскиот сојуз во Шведска изразува изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

Трагедија од вакви катастрофални размери, која ги погоди Кочани и Македонија, во слични околности го погоди и шведскиот град Гетеборг во 1998 година. Македонската доселеничка заедница во овој град го памети тој стравотен настан, кога во просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев“ избувна голем пожар. Просториите беа изнајмени за диско вечер. Во катастрофалниот пожар животите ги изгубија 63 млади луѓе. Долго време по овој трагичен настан Гетеборг беше град на жалост и тага.

Последиците од вакви големи трагедии оставаат длабоки и болни траги кои и во Кочани несомнено долго ќе се чувствуваат.

Македонскиот сојуз во Шведска

____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан