• четврток, 05 декември 2024

СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир

СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир

Скопје, 13 ноември 2024 година

Вчера, во сенаменската сала на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, се одржа настанот „Цветинова награда за мир,“ на кој познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин ја додели престижната награда на СОС Детско село, преземена од Претседателот на Управниот Одбор, Александар Трајковски. 

Во чест на нивната посветеност кон поддршката на децата без родителска грижа, Цветин на згрижувачките семејства им подари 11 свои уметнички дела, симболизирајќи ги љубовта и мирот што тие им ги обезбедуваат на децата.

Секоја од уметничките слики што ги подари Цветин е инспирирана од темата на мирот како универзална вредност и цутот на цветот што алудира на потенцијалот којшто треба да бликне од секое дете со помош на силната љубов, грижа и стабилност кои згрижувачките семејства им ги овозможуваат на децата. 

СОС Детско село, преку овој настан, ја истакна важноста на згрижувањето и улогата која ја имаат згрижувачите во животите на децата како идни градители на мирот. Тимот на СОС Детско село ги информираше граѓаните за значењето на згрижувањето и за придобивките што ги носи секој оној којшто што одлучува да стане згрижувач. 

Со доделувањето на Цветиновата награда за мир и со донацијата на уметнички дела, Живко Поповски – Цветин и СОС Детско село испратија моќна порака за значењето на заедничката грижа и одговорност за сите деца во општеството.

СОС Детско село

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан