• петок, 23 август 2024

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.  

 

Остани поврзан