• петок, 23 август 2024

Сончево и топло со слаб северен ветер

Сончево и топло со слаб северен ветер

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи, а повеќе услови за нестабилност ќе има од среда..

Остани поврзан