• сабота, 21 декември 2024

Собрание: Шведска поддршка на европскиот пат преку развојни проекти

Собрание: Шведска поддршка на европскиот пат преку развојни проекти

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џеин.

Како што информира собраниската прес-служба, претседателката на пратеничката група Дафина Стојаноска изразила задоволство од долгогодишната соработка со Шведска и од формирањето за првпат Група за пријателство со нашата земја и во Риксдагот. Таа се заблагодарила за шведската поддршка за стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија.

Стојаноска, како што се наведува, потсети на изминатиот успешен проект со Шведска и апелира на уште повеќе такви проекти, што се од големо значење и корист за нас, бидејќи доаѓаат од искусна земја, од која може многу да се научи.

- Шведската амбасадорка информира дека во Шведскиот парламент во однос на нашата земја, сега постојат две Групи за пријателство, едната за Западен Балкан, другата со Македонското собрание. Овие два месеца се планирани повеќе настани во областа на земјоделството, бизнисот, родовата еднаквост, што само ќе го задржи континуитетот на поддршка и пријателство. Таа остави отворена врата за продлабочување на соработката и изрази надеж за што поскоро зачленување на земјава во ЕУ, се вели во соопштението.

На средбата, како што се наведува, присутните беа согласни дека интензивните меѓусебни средби со многу интеракција се пример за приближување на државите и народите.

- Добриот дијалог е најдобрата билатерална соработка, стои во соопштението. мд/нд/

Фото: Собрание 

Остани поврзан