Скопско Ново Село и околината утре без вода
- Поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 милиметри на улицата „1670“ во Ново Село, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Лука Геров“, како и населените места Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани.
Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 милиметри на улицата „1670“ во Ново Село, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Лука Геров“, како и населените места Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот. вј/нд/
Фото: МИА архива