МИА Најави - МКД
- 8 јуни 2025
8 јуни 2025
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на пуштање во употреба на целосно реновираните Управни служби на град Скопје во зградата на МТВ. (Изјава за медиуми по настанот/12:00)
Скопје - Прес-конференција на генералниот секретар на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) Гоце Делчев Тодев. (Во простории на КСОМ, пред влезот на ЈП „Комунална хигиена“, ул. „Беласица“ без број/10:30)
Велес - Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе се обратат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов. (плато под Костурница/18:30)
Скопје - Јулија Козакова Трио (МКЦ, Кино Фросина/20:00), „Мордаи“ (МКЦ, Дансинг сала/21:00) и „Луфтанза“ (МКЦ, Дансинг сала/22:00) го затвораат 24. ОФФест.
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***