Во крводаротелска акција посветена на Рацин собрани 34 крвни единици
- Со крводарителската акција почнаа годинашните 62. Рацинови средби во Велес.
Велес, 7 јуни 2025 (МИА) - Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес денеска Општинскиот Црвен крст во соработка со Општина Велес организираше крводарителска акција во која се собрани 34 крвни единици, а двајца граѓани првпат дарувале крв и влегле во Друштвото на хуманите. Акцијата беше насловена „Ти подарувам бесмртност“ и е во чест на Рацин и неговата муза Раца на која и подарил бесмртност.
Со крводарителската акција почнаа годинашните 62. Рацинови средби во Велес.
Како што информира за МИА секретарот на Општинскиот Црвен крст Орце Николов, како и секогаш велешани и денеска ја искажаа својата хуманост на дело.
Акцијата за Рацин се организира по третпат, а првпат е во рамките на „Спортските игри Велес 2025“ а кои завршуваат вечерва, а чии претставници исто таа се вклучија во крводарителската акција.Истата се реализира во Спортската сала „Гемиџии“ , а каде деновиве се одржуваат дел од спортските натпревари во кошарка.
Акцијата ја изведе медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина со која раководеше д-р Кире Тодоров, кој акцијата ја оцени за успешна и се заблагодари на сите кои денеска се вклучија и даруваа крв да спасат нечиј живот.
Инаку сите собрани крвни единици и од оваа акција ќе бидат однесени во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, каде се складираат сите крвни единици, а потоа се распоредуваа за потребите на пациентите во болниците и клиниките во Скопје и градовите во земјава. ад/мч/
фото: Општински Црвен крст Велес