• понеделник, 23 декември 2024

Синер: Не играм за пари, живеам одлично и без нив

Синер: Не играм за пари, живеам одлично и без нив

Рим, 28 октомври 2024 (МИА) - Јаник Синер си замина од Ријад како шампион на егзибицискиот турнир „Сикс кингс слем“, на кој се натпреваруваа светските тениски ѕвезди Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Даниил Медведев и Холгер Руне. Во епско финале, Италијанецот го совлада Алкараз и обезбеди рекорден шампионски чек од 6 милиони долари, што го прави најскапиот тениски меч во историјата.

По триумфот, новинарите беа љубопитни за тоа како Синер се чувствува кога се врати дома со сума што можеше да му обезбеди долга пауза во странство. Сепак, Италијанецот изненади многумина со својот одговор.

-Видете, јас не играм за пари. Многу е едноставно. Секако дека е одлична награда, но отидов таму поради можноста да се соберат веројатно најдобрите шест играчи во светот на едно место и да се натпреварувам со нив, сподели тој. тој.

Синер ја истакна важноста на искуството што го стекна и емотивното задоволство од учеството на турнирот.

-Исто така, тоа беше одлична можност да одам во Ријад за прв пат. Поминав навистина добро и одлично е што се вратив дома како победник, додаде тој.

На прашањето за парите, Синер изјави дека тоа не е главниот двигател на неговата мотивација.

-Парите се исто така важни, но не ни приближно толку, бидејќи живеам прекрасен живот и без нив. Првото нешто за мене е здравјето, пријателите и семејството, а парите се само бонус, заврши тенисерот. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан