• сабота, 16 ноември 2024

Синер: Нема да ризикувам пред УС Опен

Синер: Нема да ризикувам пред УС Опен

Њујорк, 19 август 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер, Јаник Синер проговори за состојбата со повредата пред финалето на турнирот од серијата Мастерс во Синсинати.

Првиот рекет во светот вечерта на 20 август ќе игра против Американецот Френсис Тиафо.

-Нема да ризикувам пред УС Опен. Треба да откријам што точно ме мачи во моментов. Бидејќи тоа е малку поинаков проблем од порано. Дефинитивно ќе го проверам по турнирот во Синсинати. Главната работа за мене е да останам во добра форма пред Гренд слем турнирот. Имам шест дена да се опоравам, изјави Синер на прес-конференција.

УС Опен ќе се одржи од 26 август до 8 септември. дс

Фото: Архива

Остани поврзан