• среда, 24 јули 2024

Се реконструира штипската улица „Васил Доганџиски“

Се реконструира штипската улица „Васил Доганџиски“

Штип, 26 јули 2023 (МИА) - По повеќе децении првпат ќе се асфалтира улицата „Васил Доганџиски“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека од денеска почнаа подготвителните активности, а во наредните денови ќе се пристапи кон асфалтирање.

-Оваа улица на која сега се наоѓаме е направена своевремено од самите жители со бетонирање, но заради оштетеност ја ставивме во Програмата и дојде до период за асфалтирање. Вкупната инвестиција за оваа улица е 800. 000 денари, а сите улици се во износ од пет милиони денари, рече Јорданов.

Жителите тука некогаш сами инвестирале за да ја бетонираат оваа улица и да може да ја користат. Велат дека првпат ќе се асфалтира од страна на локалната власт, бидејќи улицата е во лоша состојба.

Во наредните денови ќе се пристапи и кон асфалтирање на неколку други улици на повеќе локации во Штип. Јорданов посочи дека станува збор за барања од страна на граѓаните.

-Веќе се работи на припрема за асфалтирање на други улици како што е „Борко Талев„, „Љубен Иванов“, улица во населба Железничка. Работеме и на конзолите на река Отиња. Во наредните денови ќе се започне со асфалтирање, додаде Јорданов. вдј/

Фото: МИА 

Остани поврзан