• четврток, 07 ноември 2024

Апел за помош на 41- годишната велешанка Елена на која и е потребна итна операција

Апел за помош на 41- годишната велешанка Елена на која и е потребна итна операција

Велес, 23 јули 2024 (МИА) - На велешанка Елена, родена на 25 декември 1982 година, пред два месеца и е дијагностициран ADENOID CYSTIC CARCINOMA, карцином на нос и око,  којшто мора веднаш да се оперира со цел да не се прошири во главата.

Пред три дена пуштени се броеви за донации A1 – 143 486 и ТЕЛЕКОМ – 143 122.

Исто така, може да направите донација со картичка, Pay Pal, ApplePay, GooglePay, Revolut на следниот линк:  https://pavelandreev.bg/mk/campaign/da-go-spasime-jivoto-na-elena . На платформата можете да донирате без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо.

Како што информираат од нејзиното семејство, во моментов здравствената состојба на Елена е сериозно влошена, бидејќи секојдневно имала крвање од носот, како и главоболки. Треба да и се направат две или повеќе операции во Република Турција за кои е потребна сума од 50.000 евра. Нејзиното семејство вели дека оваа сума за нив во моментов е невозможна и затоа бараат помош од сите велешани и граѓаните од нашата држава и од странство.

Порачуваат дека тие како семејство секогаш помагале секаде каде што е потребно и затоа се надеваат дека сега сите заедно ќе им помогнат да си го спасат девојчето. ад/

 

Остани поврзан