Пожар во беровската месност Безгашчево
- Пожар попладнево избувна во месноста Безгашчево над селото Русиново, информираа од Територијалната противпожарна единица Берово.

Берово, 23 јули 2024 (МИА) - Пожар попладнево избувна во месноста Безгашчево над селото Русиново, информираа од Територијалната противпожарна единица Берово.
Во пожарот, како што јавуваат од ТППЕ Берово, зафатена е дабова и борова шума.
-Пожарот е пријавен во 16 часот, а на терен е присутна противпожарната единица од Берово. Дополнителни информации најавуваме за подоцна, се вели во информацијата од теренската екипа на ТППЕ Берово.
Беровските пожарникати помош имаат и од жителите на село Русиново, кои доброволно се собираат за да помогнат во справување со пламените јазици. вс/дма/
Фото: МИА