• сабота, 23 ноември 2024

Се конституираше новиот Совет на Општина Велес

Се конституираше новиот Совет на Општина Велес
Велес, 4 ноември 2021 (МИА) - Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општината на која новоизбраните советници дадоа свечена изјава. Со првата седница на Советот претседаваше највозрасниот член, Коста Нојков. На денешната седница не се избра претседател, кој ќе го води Советот во наредните четири години. Се избраа претседател и членови на Комисија за верификација на мандатите на новите членови на Советот. За претседател на Верификационата комисија е избран Коста Нојков, а за членови на Комисијата советниците ги избраа  Дејан Палашев и Ќирил Гајдов. На конститутивната седница денеска се верификуваа и мандатите на членовите на Советот на Општина Велес. Новиот Совет на Општина Велес го сочинуваат 11 советници од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, осум од коалицијата на СДСМ, тројца од Левица и еден од ДУИ. ад/вг/

Остани поврзан