• вторник, 24 декември 2024

ЈП „Водовод“ Куманово доби работна машина во рамки на прекуграничен проект

ЈП „Водовод“  Куманово доби работна машина во рамки на прекуграничен проект

Куманово, 26 јули 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Водовод“ доби нова работна машина во рамки на прекуграничен проект, информираа денеска, надлежните од претпријатието. Цистерна под притисок веќе ја користат екипите на „Водовод“ за чистење на фекална и атмосферска канализациска мрежа. Машината е набавена во рамки на прекуграничен проект „Зајакнување на прекуграничните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина“.

-Преку проект за зајакнување на прекуграничните односи ЈП „Водовод“ во соработка со општина Куманово и центарот за развој на североисточниот плански регион доби работна машина, цистерна под притисок за чистење на фекална и атмосферска канализација. Станува збор за машина каква што претпријатието нема набавено од 1996-та година. Вредноста на донацијата 317.406 евра, од кои 186.812 евра се за ЈП од Куманово кое беше лидер а проектот. Донацијата е од ЕУ проектот кој треба да заврши во септември, годинава, изјави директорот на претпријатието, Оливер Стојмановски.

Работната машина веќе се користи и како што појаснуваат стручните има пет пати поголема работна моќност од старата машина, која, исто така, е во функција.

- Ќе се користи при справување со последици од поројни дождови, невреме, вели Стојмановски.

Проблем за Куманово се оние точки каде нема атмосферска мрежа. При поројни дождови атмосферската вода се приклучува кон канализациската мрежа, при што водата се излева и ги „поплавува“ улиците. ам/сст/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан