• понеделник, 30 септември 2024

Град Скопје: Активости и манифестации за одбележување на 61 година од катастрофалниот земјотрес

Град Скопје: Активости и манифестации за одбележување на 61 година од катастрофалниот земјотрес

Скопје, 26 јули 2024

Во рамките на одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес се одржуваат повеќе активности и манифестации.

Со почеток во 19:00 часот во ЈУ Младински културен центар ќе се одржи првиот интернационално традиционален поетски фестивал ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ посветен на земјотресот од 1963 година, на кого учество зедоа 130 поети од 40 држави.

Во Музеј на Град Скопје во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „КУЛТУРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО 1963 ГОДИНА“ која  е подготвена по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26 јули 1963 година. Изложбата зборува за земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година, и состојбата на културните институции.

Поголемиот дел од скопските музеи претрпеле големи и неповратни штети. Народната и универзитетска библиотека, Народниот театар, и други културни институции, биле толку многу оштетени што немале ни најелементарни услови за работа. Разурнатите згради на издавачките и новинско-издавачките претпријатија, до крајни граници го отежнувале нивното нормално работење. Многу од спомениците на културата, како и тврдината Кале, биле целосно разурнати. Ударот уништил многу значајни историски документи и уникатни експонати. Под урнатините останале значајни артефакти - сведоци на бројни цивилизации кои опстојувале на скопското тло.

Изложбата по повод одбележувањето на овој значаен датум од поновата историја на градот Скопје, е посветена на културата и културните институции, на последиците од земјотресот и на нивното функционирање во постземјотресни услови.

Град Скопје

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан