• недела, 22 декември 2024

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, министрите за финансии, за образование и наука и за економија и труд Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска и Бесар Дурмиши денеска остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори, како и состојбата со платите и тенденцијата тие да растат согласно реалните можности на економијата.

- Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки, истакнал премиерот Мицкоски. мд/аа/

Фото: Влада 

 

 

 


 

Остани поврзан