• среда, 25 декември 2024

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ, младите да можат да извлечат придобивка од овој процес

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ, младите да можат да извлечат придобивка од овој процес

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Во 2022 година на последниот состанок во Тирана постигнавме клучни чекори, меѓу кои е и нашата плодна соработка околу програмата „Еразмус плус“, како и стратегиите за паметна специјализација. Заеднички ги обединивме сите напори за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт, и заедно обезбедуваме младите генерации да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес, порача денеска Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.

Таа во своето обраќање на отворањето на министерскиот состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт што се одржува во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската Унија, посочи дека ги почитува нашите напори и посветеност во спроведувањето на стратегиите на Агендата на ЕУ.

-Од нашиот последен состанок што се одржа во Тирана во 2022 година постигнавме многу клучни чекори, на кои треба да се гордееме. Тука можам да ја напоменам  нашата плодна соработка за програмата „Еразмус плус“, која е клучна за патот кон пристапувањето во ЕУ. Стратегиите за паметна специјализација се исто така камен темелник на агендата на Западниот Балкан. Многу ја ценам вашата посветеност во успешните спроведувања на овие стратегии, додаде Иванова.

Културата, како што посочи, е исто така важен столб на соработката, затоа што ги обединува различностите.

-Годинешната министерска патформа за култура е нашето второ издание, и посветени сме на тамашните зајакнувања на соработката на ова поле. Тука можам да ја напоменам нашата програма „Креативна Европа“ која постои од 2020 година, и каде што градовите од државите од Западен Балкан можат да се пријавуваат за европски градови на културата. Нови Сад веќе претстави одлична културна програма од 2022 година и со нетрпение чекам да видам што ќе понуди Скопје во 2028 година, рече Иванова.

Таа подвлече дека забележува „одмерен моментум за процесот на проширување“ и ги поттикнува сите од регионот да ги имплементираат сите критериуми наведени во Агендата на ЕУ.

-Ги обединивме сите заеднички напори за Западно Балканската агенда за иновации, истражување, култура, млади и спорт, за да ја забрзаме конверзацијата на вашите стопанства кон ЕУ и заедно обезбедуваме највредниот капитал на регионот, младите генерации, да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес. Изминавме долг пат, ни претстои уште многу работа и очекувам инспиративна размена на мислења тука во Скопје, посочи Иванова.

На Министерскиот состанот денеска присуствуваат министри од Северна Македонија и од регионот, како и претставници од релевантните директорати на Европската комисија, меѓународни организации и од бизнис-заедницата. бт/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан