• понеделник, 23 декември 2024

Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони 

Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони 

Скопје, 26 јули 2024 

Како што веќе објавивме фирмата Еверест ЏД на Ахмети во период од 2016 до 2023 како концесионер на каменолом платила за 1.617.894 денари помалку за концесиски надоместок, од тоа што требало. Ова нема да било возможно без сега веќе обвинетите неколку лица вработени во Министерството за Економија под капа на Крешник Бектеши.

Важно е да се напомене дека оваа фирма на Ахмети лиценцата за експлоатација на минерални суровини ја добила во 2005 година, исто така во време на влада на СДС и ДУИ.

За 11 години потоа исто во време на СДС и ДУИ, кога со Министерството за економија раководи кадар на ДУИ истата да може да експлоатира минерални суровини, без прецизно да ги наведе количините кои се ископани, а со тоа и да плати помалку кон Буџетот.

Очигледно е дека пипците на Ахмети оделе длабоку, па за непречено да работи Дрин, да копа колку сака, и плати колку сака, а не толку колку што мора, својата службена положба ја злоупотребиле Ф.Ч. (54) од Дебар, Е.Љ. од Теарце-Тетово, Ј.К. од Тетово, А.М. од Скопје, К.Ш. од Скопје, Ф.А. од Куманово, и Ф.Р. од Скопје. Истите заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата”, се гонат по чл.353-в од КЗ.

Доколку горенаведените постапеле согласно закон, концесијата за експлоатација на Дрин Ахмети требало да биде одземена, а тој да биде изведен пред суд по пријава на самото министерство. Но како министерството на Крешник Бектеши да го гони внукот на Ахмети, кој таму го поставил?

Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со институциите, не за граѓаните, туку за своите семејства и блиски. Одговорност за ова мора да има, за никогаш да не се повтори.

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 


 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан