Се гради нов сквер во општина Аеродром
- Општина Аеродром информира дека се гради нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот „АСНОМ“ во населбата Јане Сандански.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Општина Аеродром информира дека се гради нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот „АСНОМ“ во населбата Јане Сандански.
- Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2 800 метри квадратни со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации. Покрај замената на старите и дотраени плочки, скверот ќе биде опремен со комплетно нова урбана опрема, нови клупи, нови канти за отпадоци, како и со хортикултурно уредување, стои во соопштението.
Реконструкцијата на оваа локација ќе го опфати и детското игралиште, каде ќе бидат поставени нови забавни реквизити и подлога за безгрижна и безбедна игра на дечињата.
Овој инфраструктурен проект е финансиски поддржан од Владата и е во вредност од 10 милиони денари. мд/ев/
Фото: Општина Аеродром