Жителите на штипската населба Три Чешми добиваат нов фудбалски терен
- Нов фудбалски терен со вештачка трева добиваат жителите на штипската приградска населба Три Чешми. Фудбалскиот терен ќе биде и осветлен, со што најмладите ќе можат да спортуваат. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека Општина Штип привршува со активностите за реконструкција на сите спортски терени и детски катчиња на територија на општината, од најдалечните до најцетралните населени места. Како што истакна тој работите се одвиваат паралелно на повеќе локации, а инвестицијата тежи над 6 милиони денари.
Штип, 3 јуни 2025 (МИА) - Нов фудбалски терен со вештачка трева добиваат жителите на штипската приградска населба Три Чешми. Фудбалскиот терен ќе биде и осветлен, со што најмладите ќе можат да спортуваат. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека Општина Штип привршува со активностите за реконструкција на сите спортски терени и детски катчиња на територија на општината, од најдалечните до најцетралните населени места. Како што истакна тој работите се одвиваат паралелно на повеќе локации, а инвестицијата тежи над 6 милиони денари.
- Во моментот се наоѓаме во населба Три Чешми се работи на поставување вештачка трева на фудбалски терен, кој дополнително ќе биде осветлен, ограден. Населба која што во минатото била заборавена и никогаш претходно немале вакви содржини најмладите генерации. Паралено ќе се работи на сите детски катчиња, со поставување на нови детски реквизити и обновување на сите спортски терени. Повеќе од три и пол години општината работи на реконструкција и обновување на сите спротски содржини на територија на Општина Штип. Освен спортски терени во секое населено место се поставуваат детски реквизити за најмладите, рече Јорданов.

Со оваа динамика, градоначалникот Јорданов потенцираше дека до месец јули практично ќе биде заокружена целата активност на општината во делот на спортски терени.
Инаку, со ваквата инвестиција, најмладите ќе можат да спортуваат не само во текот на денот, туку со осветлувањето, тие ќе можат да спортуваат и во вечерните часови, особено во летните периоди. вдј/ац/
Фото: МИА